Реал Мадрид на социјалните мрежи се пофали дека Дани Карвахал почнал со тренинзи, но навивачите останаа шокирани од изледот на десната нога, односно бутниот мускул.
Дани Карвахал во октомври месец ги повреди вкрстените лигаменти на коленото, една од најтешките повреди за спортистите.
При процесот на опоравување се губи многу од мускулната маса, па за да се избегне нова повреда, враќањето на терените трае од девет месеци па нагоре.
Реал Мадрид оваа недела сакаше да ги израдува своите навивачи и да се пофали дека Дани Карвахал по само пет месеци почнал со тренинзи, но фановите останаа шокирани од еден детаљ.
Во прашање е изгледот на десната нога, онаа со повреденото колено, и како бутниот мускул е далеку помал од оној на левата нога, разликата е огромна.
Carvajal's leg.
— Madrid Xtra (@MadridXtra) March 20, 2025pic.twitter.com/yPiAFRZ0ss