234
Бразилската ѕвезда, Давид Луиз кој го носеше дресот на тимови како Челси, Арсенал, ПСЖ, Бенфика… ќе игра за шампионот на Кипар, екипата на Пафос.
Давид Луиз го напушта Фламенго и се враќа во Европа, но дестинацијата е изненадувачка, Бразилецот ќе игра за Пафос.
Фудбалерот кој има 57 настапи за бразилската репрезентација треба да биде големо засилување за кипарскиот тим кој се обидува да избори место во Лигата на шампионите.
Тие се во третото квалификациско коло каде ќе играат против Динамо Загреб.