Шок за Србите: Можат да останат без селектор!

by Стефан
1 минути читање

Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ – Пикси, би можел наскоро да ја заврши својата мисија на клупата на националниот тим, откако два големи турски клуба сериозно се заинтересирале за неговите услуги и се подготвуваат да направат конкретни чекори за да го доведат.

Откако претходно се пишуваше за понуди од Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија, сега Пикси се поврзува со преселба во Турција, каде што наводно го гледаат како решение за подолг рок. Турските екипи, сепак, нема да брзаат, ќе ја следат ситуацијата и ќе чекаат развој на настаните. Стојковиќ има договор со српската репрезентација до крајот на оваа година, а според правилата на ФИФА на шест месеци пред истекот има право да започне преговори за нов ангажман.

Пикси ја презеде Србија во 2021 година, а под негово водство „орлите“ настапија на две големи натпреварувања и изборија место во најсилното друштво на Лигата на нации.

На 52 натпревари на клупата досега запиша 25 победи, 14 ремија и 13 порази.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×