Сенегал во неделата го освои Африканскиот куп на нации со победа против домаќинот Мароко (1-0), но триумфот беше обележан од контроверзен потег на сенегалската репрезентација која привремено го напушти теренот. Поради овој инцидент, тие би можеле да се соочат со казна од Африканската фудбалска конфедерација, пишуваат медиумите.
Сенегалците во Рабат ја обезбедија својот втора титула шампион на Африка во последните три изданија на турнирот, по драматична победа во продолженијата. Регуларниот дел од натпреварот го одбележа хаосот во последните моменти. Во 98. минута, по интервенција на ВАР, судијата Жан-Жак Ндала досуди пенал за Мароко, проценувајќи дека Ел Хаџи Малик Диуф направил прекршок над Брахим Дијаз во казнениот простор.
Во знак на протест, селекторот на Сенегал, Папе Тијау, ги повлече своите играчи од теренот, мароканскиот тим чекаше околу 20 минути пред Сенегалците да се вратат на теренот. Одговорноста ја презеде напаѓачот на Реал Мадрид, Брахим Дијаз, но неговиот обид со „паненка“ лесно го одбрани голманот Едуар Менди, по што судијата означи крај на регуларниот дел.
Победникот го одреди голот на Папе Геје во четвртата минута од продолжението, кој му донесе на Сенегал историска победа и втор титул на
По натпреварот, селекторот на Мароко, Валид Реграгауи, ги нарече постапките на Сенегал „срамни“, додека претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, сцените ги опиша како „неприфатливи“.
„Сликата што ја дадовме за африканскиот фудбал беше прилично срамна. Да се запре натпреварот повеќе од 10 минути додека целиот свет гледа, не е баш елегантно“, изјави Реграгауи.
Иако ставот на Африканската конфедерација сè уште не е познат, нивните прописи се јасни.
„Ако се појави ситуација каде тим се повлекува од натпревар или не се појави на средба, освен во случаи прифатени од Организацискиот комитет, одбие да игра или го напушти теренот пред крајот на регуларниот дел без дозвола на судијата, ќе се смета за поразен и ќе биде дисквалификуван од натпреварување“, стои во правилникот.