Шок за Реал Мадрид: „Кралевите“ остануваат без планираните 15 милони евра?

by Стефан
1 минути читање

Дани Себаљос беше пред трансфер во Олимпик Марсеј, но на крајот целата зделка пропадна.

Бројни извори потврдија дека Себаљос е отворен за трансфер, а потоа Реал и Марсеј постигнале договор, меѓутоа се случил пресврт.

Имено, фудбалеро наводно во последен момент се предомислил и го стопирал трансферот од кој „кралевите“ требаше да инкасираат 15 милони евра.

Според информациите на медиумите пресудила желбаа на Себаљос да се врати во својот матичен Бетис. Не е тајна дека клубот од Андалузиј некое време се обиува да го врати Себаљос, меѓутоа пречка досега биле неговите финансиски примања.

Сепак, сега наводно Себаљос одлучил да попушти. Новинарот Матео Морето информира дека фудбалерот во наредните денови ќе ја донесе конечната одлука.

Истовремено од Бетис работат  на враќањето на Антони по истекот на позајмицата од Манчестер јунајтед.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×