Шок за навивачите, згаснува легендарен португалски клуб!

by 24 фудбал
1 минути читање

Боависта, еден од историските клубови во Португалија и поранешен шампион, се наоѓа на работ на целосно исчезнување. Тимот минатата сезона испадна од најсилната лига, а дополнителен удар беше одбивањето на лиценцата за настап во Втората лига.

Клубот се соочува со толку сериозна финансиска криза што не може да обезбеди услови ниту за настап во аматерските категории на португалскиот фудбал. Поради тоа, Врховниот суд во Португалија донесе одлука Боависта да биде згасната, откако клубот не успеа во зададените рокови да обезбеди нов инвеститор или план за стабилизација.

Боависта во 2001 година сензационално ја освои титулата португалски шампион. Со тоа стана само вториот клуб по Белененсе кој успеал да го направи тоа надвор од доминацијата на Порто, Бенфика и Спортинг.

Во својата историја клубот освои пет пати португалски куп и три пати португалски Суперкуп. Во оваа сезона Боависта се обиде да се пријави во административната лига, која е поделена на четири ранга, но беше одбиена редоследно за четвртиот, петтиот, шестиот и седмиот степен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×