Шок за Мареска: Заврши годината за летното засилување на Челси!

by Стефан
1 минути читање

Челси ја започна новата сезона со високи амбиции и цел за атак на титулата во Премиер лигата, но тимот предводен од Енцо Мареска сегаа се соочи со сериозен проблем уште на самиот старт. Едно од летните засилувања, Лијам Делап, заработи тешка повреда и ќе мора да паузира подолго време.

Младиот напаѓач требаше да биде опција за нападот на „сините“ сезонава, но лекарските прегледи открија дека ќе биде надвор од терените од 10 до 12 недели, што значи дека неговото враќање се очекува дури на почетокот од 2026 година.

Ова е голем удар за светскиот клупски шампион, кој беше приморан да го врати Марк Гиу од позајмица со надеж дека талентираниот фудбалер ќе успее да ја покрие празнината во нападот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×