Шок за Бетис: Се повреди Иско!

by Стефан
1 минути читање

Пред почетокот на сезоната екипата на Бетис се соочи со голем проблем бидејќи се повреди Иско.

Шпанскиот фудбалер повредата ја заработил во натпреварот против Малага и заега не се открива колку точно ќе паузира, но веројатно нема да биде помалку од три месеци.

Иско во наредниот период треба да помине низ дополнителни прегледи по што би требало да биде познато кога ќе може да помогне на неговиот тим.

Во соопштението Бетис истакан и дека оваа повреда не е поврзана со претходната која ја имаше фудбалерот.

Ќе потсетиме, етис минатата сезона стигна до финалето во Конфернциската лига, а Иско беше погласен за најдобар фудбалер, па јано е дека е ова е голем удар за шпанскиот состав.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×