Шок во Барса: Гави наместо еден месец, ќе паузира многу подолго!

by riste
1 минути читање

Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Пабло Гави денеска е успешно опериран и повторно ќе треба да помине долг процес на рехабилитација.

Гавиимаше артроскопска интервенција за санација на повредата на медијалниот менискус, но сега го очекува нова, долга пауза. Според проценката на лекарскиот тим, таа ќе трае меѓу четири и пет месеци што значи дека за него оваа календарска година е завршена и тој би се вратил во првите месеци од наредната.

Ова е изненадување за сите во Барса бидејќи првичните прогнози беа дека тој ќе паузира максимум еден месец.

Според неофицијални извори, докторот се шокирал кога видел во каква состојба е коленото на фудбалерот, па морал, освен менискусот, да интервенира и на лигаментите и на чашката.

Со ова продолжува двегодишната агонија на шпанскиот репрезентативец кој доживеа тешка повреда во ноември 2023, на квалификациски натпревар за Европското првенство и оттогаш забележа само 28 настапи. Ако нема подобрување по оваа операција, во опасност ќе биде доведена и неговата кариера што е катастрофа ако се знае дека има само 21 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×