Тотнем е пред нова голема промена, откако се очекува капитенот Сон Хеунг-Мин да го напушти клубот по десет години минати во Лондон.
Јужнокорејскиот репрезентативец има 33 години и веќе влезе во последната година од договорот. Интерес за неговиот потпис покажуваат клубови од Саудиска Арабија, но и американскиот Лос Анџелес, а од Тотнем се подготвени да го пуштат за 20 милиони евра, со цел да избегнат негово заминување без обештетување.
Сон пристигна во Тотнем во 2015 година од Баер Леверкузен и со текот на годините се наметна како една од најголемите клупски легенди. За клубот има одиграно 333 натпревари во сите конкуренции и има постигнато 127 голови. Минатата сезона конечно го дочека и првиот трофеј, освојувајќи ја Лига Европа.