Борусија Дортмунд попладнево соопшти дека Нико Шлотербек ставил потпис на нов договор, но како што пренесуваат медиумите, дефанзивецот има клаузула со која може да замине во неколку елитни клубови.
Нико Шлотербек беше на радарот на неколку клубови ширум Европа но дефанзивецот на крајот реши да остане верен на „милионерите“.
„Борусија Дортмунд го продолжи договорот на Нико Шлотербек до 2031 година, репрезентативецот на Германија денеска стави потпис“ – се вели во соопштението.
Но медиумите шпекулираат дека и покрај новиот договор, Нико Шлотербек лесно може да го напушти клубот.
Тој има клаузула според која може да направи трансфер од 50-60 милиони евра, но важи само за неколку елитни клубови, еден од нив е Реал Мадрид.