ГФК Охрид и Детонит Плачковица се пријатното изненадување во Купот на Македонија и како второлигаши обезбедија пласман во четвртфиналето.
Охридчани на свој терен одиграа моќно и со убедливи 3-0 го елиминираа Шкупи, кој продолжува да тоне во криза и во Купот не успеа да ја прекине црната серија.
До изненадување стигна и Детонит Плачковица, која во дербито со струмичка Беласица славеше со минимални 1-0. Херој на мечот беше новото засилување Иван Галевски со прекрасен гол уште во втората минута, а голманот Димитар Георгиев блескаше меѓу стативите и го сочува резултатот.
Останатите патници во четвртфиналето ќе бидат познати по комплетирањето на останатите дуели кои се играат во следните две седмици.