Шкупи се пофали со нов спортски директор со искуство во Фенербахче и Кајзериспор

by 24 фудбал
0 минути читање

Шкупи има нов спортски директор кој ќе ја продолжи работата по заминувањето на Ндерим Неџипи.

Нов оперативец на чаирчани е Бекир Ердем. Турскиот фудбалски работник зад себе има искуство во Фенербахче и Кајзериспор, па сега своето искуство ќе го насочи кон работа во македонскиот клуб.

Шкупи зад себе имаше турбулентно лето, навивачите се незадоволни и бараат оставки од управата, а јавно се обратија и побараа од сопственикот повеќе вложувања или да го напушти клубот.

Ова лето Шкупи се насочи главно кон млади фудбалери и останува да се види на што ќе биде подготвен тимот во новата сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×