Шкупи сака прв пролетен гол, а Башкими враќање на победите во ПМФЛ

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Шкупи во рамките на 21 коло на ПМФЛ ќе бидат номинален домаќин во Куманово против екипата на Башкими.

Избраниците на Алиса Виши уште се без победа по дваесет одиграни натпревари. Пролетва чаирчани немаат постигнато ниту погодок, а и покрај тоа тренерот нагласи дека тимот е мотивиран да се бори.

Натпреварот против Башкими во Куманово е уште еден важен предизвик за нас. Горд сум на момците бидејќи на секој меч даваат сè од себе и, што е најважно, остануваат цврсто со нозете на земја. На секој натпревар одиме на победа, со почит кон противникот, но со целосна верба во себе. Во овие тешки денови, играчите ја покажуваат својата љубов и приврзаност кон клубот, а тоа за мене има голема вредност. Верувам дека овој труд и жртва набрзо ќе им се исплатат. Ќе продолжиме да работиме напорно и ќе се бориме за секој бод“, изјави Виши.

Од таборот на Башкими се обрати Мухарем Мислими кој нагласи дека нема потценување на противникот.

На нашиот стадион го пречекуваме Шкупи, иако официјално сме гости. Тимот на Шкупи се потпира на своите млади сили и токму во тоа ја гледам нивната најголема сила. Не смее да има никакво потценување; потребен е максимален ангажман бидејќи бодовите од овој натпревар ни се неопходни. Верувам и силно се надевам дека по 90 минути игра, резултатот ќе биде позитивен за нас“, изјави Мислими.

Натпреварот меѓу Шкупи и Башкими во Куманово е на програмата во 14:00 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×