196
Екипата на Шкупи повторно ќе мора да игра надвор од својот стадион. Поради суспензијата на теренот во Чаир, дуелот со Работнички ќе се одигра во Струга
. Санкцијата дојде откако по првиот меч во Чаир со воведен ВАР систем, навивачите направија нереди и ФФМ изрече забрана за користење на теренот.
Чаирчани беа приморани да бараат алтернативно решение и на крајот се одлучија натпреварот со „романтичарите“ да го играат во Струга. Средбата ќе се одигра во сабота, со почеток од 15 часот.