Шкупи нема ниту фудбалери, ниту тренер, ниту стадион – ваков хаос не се памети!

by Стефан
1 минути читање

Во редовите на Шкупи владее вистински хаос и како што стојат работите во овој момент истот тешко може да се реши, па и поради тоа протестот на навивачите во последниот натпревар против Шкендија беше (ТУКА) беше оправдан.

Шкупи успеа некако да го скрпи тимот и да излезе на терен во првото коло со  седум младинци, но доби и попуст од  ФФМ, бидејќи чаирчани истрчаа со 10 регистрирани професионални фудбалери, иако потребни се 15. Но, јасно е дека нивните недостатоци не може да се толерираат долго време.

На клупата со Шкендија има само четири резерви, двајца од нив беа голмани, додека на теренот единствени кои не доаѓаа од младинскиот состав беа: Али Адеми, Адили, Мухарем и голманот Гроте.

Засилувањето кое беше претставено во јуни, Ринор Ајдини веќе пронајде нова средИна и потпиша за Арсими, а според последните информации без валидни договори останале уште: Фудбалерите од Гана, Емануел Аворнио и Келемн Ансах, Ел Хаџи Гаје од Сенегал и Арсим Љамалари, па се очекува и тие да си заминат.

Уште еден доказ за тоа што се случува на Чаир е и отсуството на тренерот Бобан Бабунски, кој без никакво објаснување од клубот не беше на клупата и него го замени Умит Шахин.

Во второто коло Шкупи треба да игра со Силекс на домашен терен, но и тука имаат проблем чаирчани. Имено, само нивниот стадион не ги исполнува условите за ВАР, па така не добија дозвола да играат на стадионот во Чаир.

По сето ова јасно дека е ако не дојде до некаков пресврт, Шкупи вака нема да издржи уште долго.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×