Екипата на Шкупи и во четвртото коло од новата сезона во ПМФЛ нема да игра во Чаир, сепак натпреварот против Вардар нема да го загуби службено како што беше случај со Силекс во второто.
Имено, како што е познато единствено стадионот на Шкупи нема услови за ВАР технологијата и поради тоа ФФМ не дозволува тука да се играат натпревари. За натпреварот со Силекс, чаирчани не најдоа решение, но сега дуелот со Варар ќе го одиграат во Струмица, потврдија преку социјалние мрежи.

Претходно од Шкупи најавија дека работат на создавање на услови за ВАР да може да функционира и истакна дека можеби веќе против Вардар ќе играат во Чаир, но тоа не се случи.
Сепак, од ФФМ изразија посебна загрижност затоа што при инспекцијата на стадионот не се појавил ниту еден претставник на клубот, единтвено биле присутни навивачите „Шверцери“.
Натпреварот помеѓу Шкупи и Вардар е прв од четвртото коло и се игра утре во терминот од 16:30 часот.