208
Фудбалскиот клуб Шкупи по шест одиграни кола конечно ќе се врати на својот стадион „Чаир“ и ќе може да игра пред својата публика.
„Чаирчани“ зад себе имаа тешко лето и поради проблемите со подготовката на стадионот беа принудени првите натпревари да ги играат на гостински и на неутрален терен. Тимот имаше сериозни проблеми со теренот, па во првото коло дури и службено загуби од Силекс.
Причината беше непостоењето на условите за ВАР протоколите, кои секој клуб мораше да ги обезбеди на својот стадион, но сега проблемот е надминат.
Првиот натпревар пред својата публика Шкупи ќе го одигра в сабота од 15:30 часот против градскиот ривал Македонија Ѓорче Петров.