Шкупи именуваше тренер кој учел од легендарниот Пирло

by bojan
1 минути читање
Ердем

Шкупи попладнево соопшти дека Алпарслан Ердем е именуван за нов тренер, страгегот учел од легендарниот Андреа Пирло, и му бил помошник во Фатих Карагумрук.

Шкупи не трошеше многу време по разделбата со Матија Мирков и попладнево го именваше Алпарслан Ердем за нов предводник.

Станува збор за стратег кој учел од легендарниот Андреа Пирло, му бил помошник во Фатих Карагумрук, а имал и богата играчка кариера со настап во екипи како Вердер Бремен, Галатасарај, Генчлербирлиги, Истанбул Башакшехир и Фатих Карагумрук.

Тој ставил потпис на двегодишен договор, и ова е потврда за долгорочната посветеност на раководството на чаирчани за градење на стабилен и успешен тим.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани