Шкупи и понатаму тонe, Tиквеш ја совлада Македонија Ѓ.П,

by bojan
1 минути читање

Тиквеш ја прекина мини-серијата на Македонија Ѓ.П. и славеше со 2-1 во Кавадарци, Арсими ја продлабочи кризата на Шкупи со триумф од 4-2.

Тиквеш освои три бода во пресметката со Македонија Ѓ.П. откако пред своите навивачи стигна до победа од 2-1.

Домаќините дојдоа до водство по само девет минути игра кога Садик ја погоди мрежата на „лавовите“ и тоа беше единствениот гол во првиот дел.

Македонија Ѓорче Петров се обидуваше да дојде до израмнување, а таквата игра им се исплатеше во 58. минута. Гостите по една ситуација во шеснаесетникот добија пенал кој во гол го претвори Стоилов.

Сепак, во 67-та минута домашниот состав го врати водството, стрелец беше Ивановски. Тој гол се покажа и како доволен Тиквеш да ја забележи втората победа во првенството, додека за „лавовите“ ова беше пораз по две победи во низа.

Во вториот натпревар кој се играше во истиот термин, екипата на Шкупи забележа нов пораз, сега Арсими со 4-2. Чаирчани двапати се враќаа и израмнуваа, сепак не издржаа до крајот кога домашниот состав постигна два гола за триумф.

За Шкупи ова беше седми пораз во исто толку натпревари од стартот на сезоната и тие се единствениот тим без бодови на табелата.

ФОТО: fb/ГФК Тиквеш 1930 Кавадарци

Можно е и ова да ти се допаѓа

×