Шкупи и Гостивар победија на интернационалните зимски тестови

by 24 фудбал
1 минути читање

Македонските тимови одиграа пријателски натпревари во текот на денешниот ден.

Екипата на Гостивар во хрватски Ровињ триумфира со 2-1 (0-1) против босански Сараево. Босанците поведоа со голот на Мустафиќ, а потоа Мбенде и Симоновски донесоа пресврт-победа.

Шкупи го совлада бугарскиот ривал Септември Софија со 2-1 на подготовките во Анталија. Стрелци за чаирчани беа Џелил Асани и Антонио Аворнио.

Пораз претрпе екипата на Пелистер на мечот на „Билјанини Извори“ во Охрид против Земун (3-1), Брера Струмица со головите на Ѓорѓиевски и Ристов слави против Брегалница, а третолигашот Шкендија Арачиново со 3-1 ја совлада прилепска Победа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани