Шкупи го повлече бројот 77 кој го носеше Лазаров и ќе ги исплати целиот негов договор!

by 24 фудбал
0 минути читање

Фудбалскиот клуб Шкупи извести дека повеќе нема да се користи дресот со бројот 77, кој го носеше трагично загинатиот Андреј Лазаров.

25-годишникот беше една од жртвите на страшниот пожар во ноќниот клуб во Кочани. Клубот од „Чаир“ реши да му оддаде чест и го повлече од употреба неговиот број.

Освен тоа, од Шкупи најавија дека целосниот договор кој Лазаров го имаше со клубот ќе биде исплатен на неговото семејство.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани