518
Фудбалскиот клуб Шкупи се огласи со соопштение за состојбата на фудбалерот Андреј Лазаров кој е помеѓу повредените во трагедијата во Кочани.
Лазаров како што информираат од Шкупи се наоѓа надвор од животна опасност, но со изгореници на телото.
„Ве известуваме дека Андреј Лазаров е надвор од животна опасност, иако се наоѓа на интензивна нега откако се здоби со изгореници на телото. На Андреј му посакуваме брзо закрепнување, а воедно во ова тешко време изразуваме најдлабоко сочувство за загинатите лица во оваа трагедија“, соопштија од Шкупи.