Шкендија во Разград сака да ја заврши работата и да му се придружи на Вардар

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Шкендија денеска во Бугарија ќе го играат реваншот од плеј-офот за Лигата на Европа во кој од првиот натпревар во Скопје тетовскиот тим има предност од 2-1.

Лудогорец во двомечот влезе како фаворит, меѓутоа Шкендија покажа дека може да се надигрува и шампионот од ПМФЛ прикажа одлична игра со која заслужено дојде до победата.

Стадионот се игра во Разград на арената која собира 10.423 гледачи. Тетовскиот клуб фаворитската улога и во овој дуел ја препушта на противникот, меѓутоа стратегот Јетон Беќири верува дека тимот може да дојде до Лигата на Европа.

Hие веќе постигнавме нешто, но мора да бидеме „гладни“ и да веруваме дека можеме да се пласираме во Лига Европа. Лудогорец е фаворит, но во фудбалот не победува секогаш фаворитот. Видовме многу примери каде тимови со многу поголем буџет и квалитет биле елиминирани. Затоа ќе влеземе со целосен респект, но и со верба во сопствените сили“, изјави Беќири на вчерашната прес-конференција.

Ако Шкендија успее да ја одбрани предноста и се пласира во Лигата на Европа ќе стане само второт клуб од Македонија кој бил дел од оваа натпреварување, по Вардар во 2017 година.

Натпреварот во Разград се игра во терминот од 19:30 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×