Фудбалерите на Шкендија му гостуваат на АЕК во Ларнака во последниот меч од шестото коло на Конференциската лига на УЕФА.
Оваа средба за тетовци е многу важна бидејќи имаат изгледни шанси да изборат европска пролет во својот дебитантски настап во едно натпреварување на УЕФА. Разликите во Конференциската лига се многу мали, победа може да ја качи Шкендија многу нагоре, а пораз може да ја исфрли од местата кои водат во плеј-офот.
Сепак, со седум освоени бода од првите пет меча Шкендија е во „гужвата“ од 14. до 27. место каде што варираат екипите од осум до пет бода. Поради тоа, тетовци мораат да одиграат паметно и на резултат, а дури потоа да чекаат услуги од останатите клубови. Дури и со евентуален пораз Шкендија може многу лесно да се најде во плеј-офот, но ќе треба да ѝ се поклопат и останатите резултати.
АЕК на домашен терен важи за фаворит, ама натпреварот го дочекува со многу отсутни играчи. Тренерот Јетон Беќири и Шкендија веќе покажаа дека се респектабилен тим за ова натпреварување и со сигурност сакаат да го потврдат тоа во 21:00 часот во Ларнака.