Шкендија вечерва оди по ново европско изненадување, Карабах е фаворит, но – може да се победи!

by Стефан
1 минути читање

Вечерва во терминот од 20:00 часот на арената „Тодор Проески“ во Скопје екипата на Шкендија ќе го игра својот прв натпревар од двомечот против Карабах во квалификациите за Лигата на шампионите.

Карабах е фаворит, но и тренерот на азербејџанскиот состав Гурбан Губанов на вчерашната прес-конференција покажа голем респект кон тетовскиот клуб.

„Натпреварот утре ќе биде многу важен. Фактот што првиот натпревар се игра тука е предност за противникот. Шкендија е добро подготвен тим и ќе мораме да бидеме претпазливи и да покажеме каактер од првата минута. Овој фактор сигурно ќе биде многу важен, мораме да се бориме за секоја топка. Се надевам дека во реваншот дома ќе се вратиме со позитивен резултат“, порача Гурбанов.

За Шкендија ова нема да биде прво искуство со екипа од Азербејџан и веќе играше против Сумгаит кого го победи со 2-0, а стрелаа Бесарт Ибраими и Љупчо Дориев. Сега Ибраими повторно е во редовите на македонскиот претставник и се надева н а ист исход.

Во натпреварот Шкендија влегува со добра форма во летните квалификации во кои на четири напревари нема ниту еден пораз и одигра само едно реми и тоа во првиот дуел против ТНС во Велс.

Реваншот во Азербејџан е закажан за седум дена.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×