Шкендија вечерва го пречекува ТНС: Велшаните пред шест години во Скопје не поминаа добро

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Шкендија вечерва од 20:00 часот ќе го играат реваншот од првото квалификациско коло во Лигата на шампионите, а противник на тетовскиот клуб е екипата на ТНС од Велс.

На гости пред седум дена Шкендија одигра 0-0 и вечерва шампионот од ПМФЛ ќе се обиде да слави победа за место во следното коло каде што би се соочиле со романскиот гигант ФЦСБ.

Велшкиот претставник не го памети Скопје по добро бидејќи пред шест години исто така од Шкендија во оваа фаза беше поразен со 5-0. Шкендија тогаш загуби со 4-0 во реваншот во Велс, меѓутоа се избори за второ коло.

Тренерот на Шкендија, Јетон Беќири верува дека неговиот тим е фаворит вечерва.

„Имајќи ја предвид вештачката трева  повредите на Бесар Ибраими и Ибрахим Алхасан верувам дека ремито е прифатливо за нас. Мора да сме спуштени на земја и да се обидеме да дојдеме до победа. Ако го погледнеме квалитетот на тимот, ние сме фаворити, но тоа мораме да го покажеме и на теренот“, изјави пред овој дуел тренерот на тетовскиот клуб, Јетон Беќири.

Ќе потсетиме, Шкендија е единствен македонски претставник во квалификациите за Лигата на шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×