Екипата на Шкендија вечерва приреди изненадување во Конференциската лига, совладувајќи го Слован Братислава со 2-0 на домашен терен во Тетово. Иако гостите пристигнаа во Скопје во улога на фаворити, на теренот сликата беше поинаква – црвено-црните имаа одлична игра, повеќе енергија и на крајот целосно заслужено стигнаа до триумфот.
Шкендија поведе во 33. минута, откако Бајриќ несмасно интервенираше по еден корнер и ја затресе сопствената мрежа. Во финишот на првото полувреме, тетовци постигннаа нов гол. Спахиу одлично се снајде по прецизното додавање на Вебстер и ја зголеми предноста.
Во продолжението од натпреварот немаше големи возбудувања. Избраниците на Јетон Беќири сигурно го контролираа темпото и не му дозволија на Слован да создаде сериозни шанси пред голот на Гаје.
Ова е втора победа за Шкендија во групната фаза, првата ја запишаа против Шелбурн, исто така дома, а бод освоија и на дуелот со Јагелонија (1-1). Со вкупно седум освоени бода, тетовци се наоѓаат на 17-тата позиција, а во последното коло ги очекува најтешката задача досега, гостување кај АЕК Ларнака.