Шкендија со реми се враќа од Велс, патникот во следното коло ќе се решава во Скопје!

by riste
1 минути читање

Македонскиот шампион Шкендија одигра без голови на гостувањето кај ТНС во Велс, реваншот е за седум дена на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Шкендија и ТНС одиграа рамноправен натпревар, домашниот противник покажа нешто повеќе, особено во првото полувреме, но тетовскиот тим успеа да се одбрани благодарение и на неколку одлични интервенции на голманот Гаје.

Шкендија имаше свои шанси преку Адеми, Љатифи и Цаке, но изостана реализација. Сепак и ремито без голови е добар резултат за тетовскиот тим кој во Скопје пред своја публика ќе брка победа за место во следното коло.

Навивачите на Шкендија посакуваат да се случи 2018 година кога тетовскиот тим го елиминираше токму ТНС во европските квалификации.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×