Шкендија со полна мрежа се враќа од Баку, Карабах покажа дека е поквалитетен тим (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Шкендија не успеа да направи чудо во Азербејџан, македонскиот шампион загуби со убедливи 5-1 на гостувањето кај Карабах и со вкупни 1-6 е елиминиран од квалификациите во Лигата на шампионите.

Тетовскиот тим ги загуби шансите за пласман во лигашкиот дел од Лигата на шампионите, но со овој пораз се префрла во плејофот од Лига Европа.

Шкендија одлично го почна натпреварот, поведе со гол на Тамба по десет минути игра, во тој момент конечниот резултат беше 1-1.

Предноста на Шкендија не траеше долго, во 16. минута Цаке си постигна автогол за израмнување на 1-1, а две минути подоцна Кади Боргес даде гол за комплетен пресврт и водство на Карабах од 2-1.

Во 33. минута Акунџаде зголеми на 3-1, а веќе во 35. минута Јанковиќ од пенал погоди за 4-1. Со тој резултат заврши првото полувреме.

Веќе се беше јасно околу победникот, па во вториот дел падна само еден гол, Леандро Андраде погоди во 59. минута за конечни 5-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×