Шкендија со „петарда“ против десеткуваниот Шкупи на стартот на ПМФЛ!

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Шкендија со победа над Шкупи (5-1) ја отворија новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

Актуелниот освојувач на трофејот слави во натпревар кој требаше да биде дерби, но беше речиси рутина за тетовчани поради бројните проблеми на Шкупи. Чаирчани пристигнаа во Тетово со само 15 играчи, од кои три голмани и седум младинци.

Тоа Шкендија знаеше да го искористи, па уште во осмата минута Флорент Рамадани го даде првиот гол во новата сезона на ПМФЛ. Изненадувачки Шкупи успеа да се врати во натпреварот и тоа од првата своја шанса, а стрелец беше Малик Хајвали.

Сепак, ситуацијата бргу се измени бидејќи црвен картон заработи Рустеми бидејќи наивно доби втора јавна опомена. Шкендија веднаш казни и во 21 минута предноста ја врати Арлинд Зејнулаи. До полувремето домашните имаа шанса и да ја зголемат предноста во неколку наврати, ама не успеаја.

Шкупи добро се бранеше и парираше во вториот дел, меѓутоа и Шкендија не притискаше премногу. Набрзина два гола во продолжението даде Бесарт Ибраими за 3-1 и 4-1, додека точка на победата стави Лидирон Латифи кој го постави конечниот резултат.

Во следното коло Шкендија ѝ гостува на Македонија ЃП, додека Шкупи е домаќин на Силекс.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×