Шкендија со минимална победа ја продолжи кризата на Работнички (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Шкендија со 1-0 ја доби пресметката против Работнички, голот на Тамба беше доволен за трите бода да останат во Тетово.

Во последниот натпревар од 15. коло во ПМФЛ, Шкендија со 1-0 го совлада Работнички.

Клучниот момент се случи многу рано, Тамба во 5. минута биеше силно под пречката и донесе предност за „црвено-црните“ од Тетово.

Продолжението од натпреварот не донесе многу прилики и возбудувања, „романтичарите“ имаа свои шанси да го избегнат поразот, постигнаа и гол, кој сепак беше поништен поради офсајд.

Со овој триумф, Шкендија го задржа чекорот со водечките Вардар и Струга, додека пак поразот за Работнички е продолжување на кризата, клубот од Дебар маало е претпоследен со само една победа и 7 бода.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×