154
Шкендија ја оствари целта на денешниот натпревар против Тиквеш иако не беше убедлива, тетовскиот тим победи со 1-0, со гол на Спахиу.
Тиквеш воопшто не беше инфериорен на денешниот дуел со Шкендија која беше голем фаворит. Кавадаречкиот тим рамноправно се носеше, но пресуди еден момент.
Во 36. минута Спахиу постигна гол кој се покажа како единствен на натпреварот. Победа од 1-0 за Шкендија.
По примениот гол Тиквеш се отвори, имаше неколку шанси за израмнување, но Шкендија го сочува водството и ги освои трите бода.