373
Македонскиот шампион Шкендија се пофали со новиот дрес за тековната сезона, а со кој ќе дебитираат во Конференциската лига на УЕФА.
Тетовскиот клуб остана на својот традиционален стил со црвено-црни ленти. Овогодинешниот дрес привлекува внимание, а причината е тоа што многу наликува на дресот кој го носи италијанскиот гигант Милан.
Задната страна на дресовите на Шкендија и оној на „росонерите“ е практично иста, а на целосниот дизајн недостигаат само бели детали околу вратот.