Екипата на Шкендија го доби дербито со Вардар во 19. коло на ПМФЛ со 1-2 на „Градски“.
Тетовчани не се задоволни од арбитражата на судијата Игор Стојчевски и неговите помошници на ова дерби. Тие посочија повеќе ситуации, а главно онаа со повторениот пенал.
„Шкендија реагира остро кон пристрасното судење во 19. коло на ПМФЛ против Вардар во Скопје. Одлуките на трите судии предводени од Игор Стојчевски директно влијаеа на текот на натпреварот, фаворизирајќи го домашниот тим со двојни аршини и нефер одлуки. Од стартот на мечот судијата имаше едностран пристап, лесно игнорирајќи фаули врз нас. Врвот беше во 64. минута кога Вардар доби спорен пенал, а потоа истиот беше неправилно повторен. На крајот, чист пенал за нас не беше досуден.
Поради тоа Шкендија сака да испрати официјално барање до ФФМ и надлежните органи и барање сериозно да се сфати овој проблем. Ја информираме јавноста дека веруваме во транспарентност и протекција на интегритетот на првенството. Шкендија е сериозно инвестирана во фер игра и не може да толерира штетни одлуки“, напишаа тетовчани.