Шкендија сака изненадување во Скопје за продолжување на битката за европска пролет

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Шкендија денеска го играат натпреварот од 5. коло во Конференциската лига, а противник е екипата на Слован Братислава која како фаворит гостува во Скопје.

Дека  Слован е една силна екипа потврди и тренерот на тетовци, Јетон Беќири кој на вчерашната прес-конференција истакна дека ќе се соочат со екипа која минатата сезона играла и во Лигата на шампионите.

„Ќе играме против исклучително квалитетен тим кој минатата година играше во групната фаза од Лигата на шампионите, но секогаш кога играме дома, иамме позитивни настапи. Се надевам дека ќе се претставиме на наајдобар начин, ги имаме сите предуслови за да обезбедиме резултат со кој и во последното коло ќе останеме во игра за место помеѓу првите 24 екипи на табелата“.

Слован сепак, сезонава во Европа не игра во најдобра форма и има три порази во четири натпревари, единствениот триумф го запишаа во минатот около на свој терен против шпанскиот Рајо Ваљекано.

Шкендија од друга страна е на 25-тата позиција со бод повеќе, а во минатото коло македонскиот претставник беше поразен од Дрита со 1-0.

Натпреварот се игра во терминот од 18:45 на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

Standings provided by Sofascore

Можно е и ова да ти се допаѓа

×