Екипата на Шкендија со пораз од 2-0 на гости кај Рајо го започна настапот во Конференциската лига.
Тетовскот клуб беше далеку од некакво чудо затоа што речиси и да не се закани сериозно кон голот домашниот состав.
Прашањето на победникот беше решено уште во првиот половина час когаа Рајо ги постигна двата гола. Најпрво во 28. минута Лопез ја искористи лошата интервенција на голманот Гаје и погоди за водство, а само четири минути подоцна Перез ја зголеми предноста на 2-0. До паузата шпанскиот тим имаше уште неколку шанси, но резултатот остана непроменет.ќ
Во второто полувреме Рајо играше порелаксирано, без премногу ризик, но со постојана контрола врз играта и поседот, што беше доволно за мирно да ја задржи предноста.
На останатите натпревари Дарко Велковски остана на клупата во убедливата победа на Зрињски над Линколн (5-0). Дрита, за која настапуваат Егзон Бејтулаи и Блертон Шеиј, одигра 1-1 на гости кај финскиот Купс, Бејтулаи беше стартер и ги одигра сите 90 минути, додека Шеиј се појави на терен во последните половина час.
ОСТАНАТИ РЕЗУЛТАТИ:
Динамо Киев – Кристал палас 0-2
Јагелонија – Хамрун 1-0
Лаусане – Бреидаблик 3-0
Лех – Рапид 4-1
Ноа – Ријека 1-0
Омонја – Мајнц 0-1