261
Екипата на Шкендија со победа од 2-1 против ТНС се пласира во второто коло од квалификациите за Лигата на шампионите.
Со победата во Скопје македонскиот првак се избори за долго европско лето и солидна финансиска инекција. Сега пред тетовчани е двомечот против романскиот гигант ФЦСБ.
Тимот кој во минатото го носеше името Стеауа и беше европски првак прво ќе гостува во Скопје, на 22 јули во 20:00 часот на арената „Тодор Проески“. Потоа реваншот се игра на 30 јули во 19:30 часот во Букурешт.