403
Шкендија откако објави разделба со Валон Ахмеди потврди ново име за првиот тим.
Нов член на тетовчани е Ристо Јанков. Голманот кој првата полусезона бранеше за Тиквеш по разделбата со кавадарчани доаѓа во Тетово. 26-годишникот има одлично искуство во ПМФЛ и ќе се бори за минутажа со Астрит Амзаи во Шкендија.
Кариерата на Јанков одеше преку Работнички и позајмица во Локомотива до трансфер во Каспиј од Казахстан. Потоа беше дел од Поли Јаши од Романија, па се врати во Македонија и бранеше за Брегалница и Тиквеш.