234
Шкендија ќе го дочека ФЦСБ во второто коло од квалификациите за Лигата на шампионите.
Натпреварот ќе се одигра на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје во вторник во 20:00 часот. Одново тетовчани очекуваат солидна поддршка од своите сограѓани кои ќе допатуваат да ги бодрат во европскиот предизвик.
За таа цел, Шкендија ја објави продажбата на билети за натпреварот. Билетите ќе се продаваат по 300 денари на локација во Тетово, преку мрежата на „МкТикетс“ и на денот на натпреварот на билетарата.
Билетите може да се купат на следниот ЛИНК.