Шкендија брзо реагираше и доведе ново засилување во нападот по повредата на Фитон Адеми и заминувањето на Фабрис Тамба во Турицја. Тетовскиот клуб денеска го претстави, Адтхе Мазари кој пристигнува од Вараждин.
Мазари во јануари замина од Работнички за да се пресели во Вараждин, но таму одигра само пет натпревари без ефект и во новата сезона воопшто не настапи. Но, минатата пролет во Работнички остави силен впечаток и на 18 средби запиша осум голови и додаде три асистенции.
Во двомечот со Лудогорец во битката за место во Лига Европа, Шкендија првиот натпревар го игра на домашен терен и тоа утре во Скопје од 20:00 часот.
Покрај Пелистер, Мазари во Македонија го носеше дресот и на Победа, Охрид и Струга.