Шкендија оди на Косово како шампион на Албанија!? (ФОТО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалскиот клуб Шкендија стигна до главната фаза на Конференциската лига како шампион на Македонија, меѓутоа тешко ѝ оди да го претстави тоа.

Во следното коло тетовци ќе играат со косовска Дрита, а натпреварот на големо се најавува како големо братско албанско дерби. Нема тука ништо спорно, Шкендија е албански тим со главно играчи од оваа националност, ама скандалозно е што никогаш и никаде не ја претставува државата од која доаѓа.

Надвор од границите ние сме едно. Еден народ, два тима – едно чувство“, напишаа од Шкендија со најава за борба со косовско и албанско знаме.

Поради тоа се наметнува прашањето: Чиј шампион е всушност Шкендија?

Можно е и ова да ти се допаѓа

×