Шкендија не си го одржа зборот: Викендов нема да игра во ПМФЛ!

by Стефан
1 минути читање

Eкипата на Шкендија која денеска ги дозна противниците во Конференциската лига викендов нема да го одигра својот натпревар во ПМФЛ.

Имено, од Шкендија, иако најавија дека нема да бараат одложување на натпреварите бидејќи така би покажале непочитување кон првенството, сега го направија тоа за дуелот од четвртото коло.

„Искрено не сакам да се одложи наш натпревар од домашното првенство поради Европа. Со тоа би покажале непочитување кон играчите што ги имаме и би покажале непочитување кон нашиот шампионат кој ни е многу важен. Ние сме платени да играме и треба да играме кога ќе биде побарано од нас. Но еве и да одложуваме, некогаш тие мечеви сепак треба да се одиграат па ќе добиеме згуснат распоред. Каде ќе ги сместиме? Треба да се ги почитуваме сите натпреварувања треба да играме како што е распоредот“, изјави Беќири пред само неколку дена.s

Средбата беше закажана за недела од 16:30 часот, а новиот термин дополнително треба да биде утврден.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×