Шкендија направи скок од 312 позиции на ранг листата на најдобри клубови во светот

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Шкендија утре ги очекува реваншот во третото квалификациско коло за Лигата на шампионите во кој тетовци ќе се обидат да го надополнат поразот од 1-0 во Скопје.

Но, Шкендија веќе направи голем скок на рангирањето на Меѓународната федерација за фудбалска историја и статистика (ИФФХС) и во овој мометн се наоѓа на 281 позиција.

Пред почетокот на летните квалификации Шкендија се наоѓаше на 593. место што значи дека направила скок од дури 312 позиции.

На врвот Реал Мадрид и понатаму е лидер, додека зад „кралевите“ во топ десет се уште: ПСЖ, Челси, Интер, Барселона, Баерн Минхен, Борусија Дортмунд, Арсенал, Атлетико и Ливерпул.

Екипа со најдобар пласман од регионот е Олимпијакос кој се наоѓа на 55. позиција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×