Шкендија може да остане без првиот голман – имало интерес и до Јапонија!

by Стефан
1 минути читање

Репрезентативецот на Гамбија и голман на Шкендија, Бабукар Гај би можел многу брзо да стави крај на својата епизода во Шкендија, и тоа по само половина година мината во тетовскиот клуб.

Како што пренесува реномираниот фудбалски инсајдер Руди Галети, на адреса на Шкендија веќе пристигнале неколку понуди за првиот чувар на мрежата, а интерес, наводно, има од клубови од Турција, Јапонија и Полска. Засега не се откриваат конкретните имиња на заинтересираните екипи.

Гај зад себе има одлична полусезона во дресот на Шкендија, каде што пристигна од редовите на Воска Спорт, а претходно настапуваше и за Локомотив Софија. Иако е репрезентативец на Гамбија, роден е во Германија, каде што ги направи првите фудбалски чекори во Арминија, а во кариерата играше и за Ватеншајд, Штутгарт-Кобленц и Родингхаузен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×