Шкендија ќе го дочека поранешниот европски првак во Скопје

by 24 фудбал
1 минути читање

Шкендија го доби двомечот со ТНС и обезбеди пласман во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите, што носи европско лето и речиси два милиони евра во клупската каса.

Сега во второто коло Шкендија силно мотивирана ќе го пречека следниот ривал – романскиот ФЦСБ.

На прв поглед, гостинот е фаворит. ФЦСБ е поранешен европски шампион и доаѓа од посилна лига, а веќе е и во првенствен ритам. Но, и тие имаат свои проблеми, а тоа се виде кога загубија на реваншот против Интер Д’Ескалдес, па тетовчани имаат свои математики.

Шкендија има искуство, добар тренер во Јетон Беќири и силна поддршка од своите навивачи кои ќе допатуваат во Скопје во вторник од 20:00 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×