Шкендија со 0-3 славеше на гостувањето кај Работнички, „црвено-црните“ од Тетово се израмни со Вардар на врвот на табелата.
Работнички во одлична форма ја пречека Шкендија, популарните „романтичари“ беа во серија од четири победи, но попладнево лесно загубија.
Резултатот беше отворен веќе во 7. минута, Ендрит Красниќи прво ја погоди пречката, а потоа прв стигна до одбиената топка и ја затресе мрежата за 0-1.
„Црвено-црните“ од Тетово ја дуплираа предноста пред крајот на првиот дел, една загубена топка на средината од теренот отвори брза контра, Тамба доби топка во фор и го матираше голманот за 0-2.
Конечниот резултат беше постигнат во 70. Минута, Ендрит Красниќи се најде осамен пред противничкиот гол и рутински реализираше за 0-3.
Со оваа победа, Шкендија се изедначи со Вардар на врвот на табелата, момците на Седлоски вечерва ги чека дербито со Пелистер.
ФОТО: fb/KF Shkëndija