389
Актуелниот македонски шампион, тимот на Шкендија се засили со еден од најдобрите стрелци во првата полусезоната од Првата македонска фудбалска лига, Фахд Нзенгуе од Брера.
Шкендија со видео се пофали со новото засилување кој во Тетово пристигна како слободен играч откако го раскина договорот со Брера.
Во првата полусезона тој настапи на 16 натпревари и даде осум голови.
Нзенгуе е второ засилување за Шкендија во јануарскиот преоден рок, претходно тимот го промовираше Дрилон Ислами кој пристигна од романскиот Клуж.