241
Актуелниот шампион на Македонија, Шкендија, официјално потврди дека го реализирала трансферот на дефанзивецот Клинсман Цаке во рускиот клуб Ахмат Грозни
Од тетовскиот клуб информираа дека ја прифатиле желбата на фудбалерот да направи исчекор во кариерата, а воедно прифатиле и финансиски поволна понуда што пристигнала од Русија.
Цаке во Шкендија дојде во јануари 2022 година и во изминатите четири сезони запиша вкупно 133 настапи во сите натпреварувања. Тој беше дел и од најголемиот успех во историјата на клубот, пласманот во групната фаза од Конференциската лига.