Шкендија се радува на историска победа, прва во главниот дел од фазата на едно европско натпреварување, македонскиот шампион со 1-0 го совлада Шелбурн благодарение на автогол во судиското продолжение.
Голема победа на Шкендија, македонскиот тим ги освои првите три бода во Конференциската лига.
Натпреварот беше изедначен, во првото полувреме немаше многу возбудувања, се играше без стопроцентни шанси.
Во вториот дел беше нешто подинамично, но се чинеше дека натпреварот ќе заврши без голови. Сепак во 92. минута несреќниот Патрик Берет си ја затресе сопствената мрежа и ги израдува тетовци.